Економија, финансии, бизнис

Контакт

За професорката Бужаровска е смешен чинот на судот кој одзема пасоши на лица кои имаат по два и повеќе

За професорката Бужаровска е смешен чинот на судот кој одзема пасоши на лица кои имаат по два и повеќе

Смешен е начинот на кој судот одлучува по барањата на СЈО.

Вака професортката Гордана Бужаровска го коментира однесувањето на судот во постапките и обвиненијата кои произлегуваат од прислушуваните материјали во кои СЈО сомничи екс владини функционери, екс министри и поранешни директори па и премиер.

„Смешно е Кривичниот суд да изрече мерка одземање пасош на обвинети лица кои имаат по два и повеќе пасоши. Јавноста дозна дека постојат мерки на претпазливост по постапувањето на СЈО за отворените истраги и обвиненија“, посочи Бужаровска на денешната презентација за примена на Законот за висината на одмерување на казните, во Македонската академија на науките и уметностите.

Таа смета дека судиите треба да понесат одговорност.

Слично

Поврзани вести