Економија, финансии, бизнис

Контакт

За продажба на стан мора да поседувате енергетски пасош

За продажба на стан мора да поседувате енергетски пасош
За две-три години новите, но и старите станови не ќе може да се продаваат и да се издаваат ако немаат сертификат за енергетска ефикасност. Недвижностите без енергетски пасош не ќе смеат ни да се огласат за продажба без овој документ. Истото ќе важи и за издавањето простор на државни институции, како и за зградите што се во сопственост на државата. Обврската на сопствениците на недвижности да поседуваат енергетски пасоши за зградите е дел од законодавството на ЕУ, кон кое и Македонија ги приспособува своите регулативи, пишува Дневник. Сопствениците на недвижности кои не планираат да ги продаваат градбите не мора да поседуваат сертификат за енергетска ефикасност. Но, ако во иднина решат да ги огласат на продажба, задолжително ќе треба да го набават документот. Користењето на Енергетскиот пасош ќе биде задолжително и при добивањето одобрение за градба.
Слично

Поврзани вести