ЗА ПРИРЕДБАТА ВО ЧЕЛОПЕК СО ПЛАСТИЧНИ ПУШКИ И ОЗНАКИ УЧК: Јаневска кажа кој ќе понесе одговорност
Одговорност за приредбата во Челопек каде деца настапуваа со униформи со ознака УЧК и пластични пушки ќе понесе една од наставничките.
Како што соопшти министерката за образование, Весна Јаневска за приредбата во Основното училиште „7 Март“ во тетовско Челопек, каде ученици беа облечени во униформи на Ослободителната народна армија (ОНА) односно УЧК и со пушки во рацете, одговорност ќе понесе една од наставничките.
„Записникот од вонредниот надзор е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор на приредбата“, изјави денеска Јаневска.
Министерката најави дека директорот на училиштето и градоначалникот ќе бидат информирани за да постапат според закон. Таа претходно најави дека слични пријави имало и за настани во други училишта во Чаир, Тетово и Струга и дека и таму ќе има контроли од Државниот просветен инспекторат. Претходно, Јаневска кажа дека е разочарана поради настанот.
