ЗА ПРЕГАЗУВАЊЕТО НА ФРОСИНА: Обвинителството ќе ги стави под лупа и родителите на Васил Јованов
Обвинителството ќе ги стави под лупа и родителите на Васил Јованов, кој минатата недела ја прегази Фросина Кулакова од Неготино на Партизанска во Скопје.
Обвинителството ќе испитува дали и како родителите му овозможиле на 20 годишниот Васил да управува со возило кое може да се толкува како општа опасност за предизвикување несреќа односно дали има умислена одговорност и кај нив.
Од Судскиот совет пак денеска велат дека ќе се пртеиспитуваат и останатите случаи поврзани со Јованов и дали судските власти потфрлиле.
Во Неготино во сабота ќе има протест во чест на Фросина. Протести веќе имаше во Скопје и во Неготино, но и во Кавадарци.
Слично
