За празнично расположение и шопинг стартуваше Новогодишниот базар
Екипи на град Скопје се во финални подготовки на поставување на штандовите на плоштадот „Македонија“ на кои ќе се продаваат новогодишни производи со цел да започне празничното расположение и шопинг, како за граѓаните, така и за туристите. Градот полека се подотвува за празничната сезона и ќе финишираат процедурите за китење на плоштадите и булеварите.

Базарот со мотото „Улицата на радоста” го организира Град Скопје и Конгресниот центар Александар Македонски, во соработка со Здружението на граѓани „Мата“ (Македонска артисанска трговска асоцијација) и ќе трае се до 31 декември до попладневните часови.
Од Град Скопје информираат дека од 28 декември најмладите посетители ќе можат да се дружат со ликовите од детската претстава „Дедо Мраз во пензија” и да прошетаат заедно со новогодишната музичка парада.
На 31 декември точно напладне, традиционално Дедо Мраз ќе пристигне на плоштадот Македонија.
