ЗА ПРАТЕНИКОТ ШЕФИК ДУРАКУ ОД АЛИЈАНСА - лидерот на Левица Димитар Апасиев е кловн
Во својата последна објава на социјалната мрежа Фејсбук, Шефик Дураку од Алијансата за Албанците го нарекува претседателот на партијата Левица Димитар Апасиев „кловн“ кој не може да ги загрози интересите на НАТО.
„Апасиев ги ризикува НАТО интересите. Многу хумористи станавте… Ни Русија и Кина не можат да ги доведат во ризик НАТО интересите, а не еден кловн, не ни ја навредувајте интелигенцијата“, се вели во објавата која е напишана на албански јазик.
Што сака да порача овој пратеник со оваа објава не е јасно. Но, факт е дека оваа негова изјава следува откако Скендер Реџепи од Алтернатива порача дека не сака неговиот потпис да стои заедно со оној на Апасиев, кој бил анти НАТО и анти ЕУ, па нагласи дека може дури и да ја напушти и својата партија, како и својот пратенички мандат.
Засега нема одговор од Апасиев на овој негов пост на социјалната мрежа Фејсбук.
