ЗА ПОЖАРОТ ВО ПУЛС: Приведен и Љупчо Папазов
Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, се приведени попладнево, потврдуваат од МВР за Курир.
Од Обвинителството информираат дека во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот „Пулс”.
„Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден“, велат од ОЈО.
Инаку, Папазов си даде оставка од функцијата градоначалник. Граѓаните гаѓаа со јајца и камења во неговата куќа револтирани поради пожарот во дискотеката Пулс каде загинаа 59 луѓе.
Слично
