ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Коцевски кажа во кој рок треба да заврши истрагата
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до 16 -17 јуни, вели јавниот обвинител Љупчо Коцевски.
Наведе дека таа ќе заврши во законски предвидениот рок од 90 дена. Коцевски вели дека на овој сложен и тежок случај деноноќно работат 13 јавни обвинители и очекува дека со ваквиот интензитет на преземање дејствија, истрагата да биде завршена навремено.
Коцевски, во интервју за Алсат М, рече дека во моментов истрагата се води за кривично дело тешки дела против општата сигурност.
Тој рече дека Обвинителството почнало со истражни дејствија од денот на настанот, одејќи наназад до 2012 година, кога т.н. кабаре почнало да функционира и кога, според досегашните сознанија, се сторени пропусти.
Слично
