Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Tим oд специјалисти од утре ќе ја утврдува состојбата на секој пациент

ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Tим oд специјалисти од утре ќе ја утврдува состојбата на секој пациент

Tим oд специјалисти од утре ќе ја утврдува состојбата на секој пациент повреден во пожарот во Кочани и потребата од натамошна рехабилитација и помагала. 

Станува збор за специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија. Тие ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница – Кочани на сите пациенти вратени од странство и третирани во Македонија по трагедијата со пожарот. Целта е, како што објасни денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, да се утврди состојбата на секој пациент одделно и потребата од натамошна рехабилитација, нега и помагала.

Во земјава се лекуваат седум пациенти, а во странство уште 11. Вкупно 18 се со  незаздравени изгореници на кои им се потребни хируршки третмани. Тројца од пациентите во земјава се хоспитализирани на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, двајца во „Систина“ и двајца во Општата болница – Кочани. Уште 40 лица се на физикална терапија, а 30-на се на терапија со плазма збогатена со тромбоцити. На 16 март годинава во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани загинаа 52 луѓе, а повредени беа околу 200. Србија, Бугарија, Грција, Словенија, Хрватска, Турција и многу други помогнаа за лекување на повредените. Ова е еден од најсмртоносните пожари на европско тло.

Слично

Поврзани вести