Економија, финансии, бизнис

Контакт

За поплавените семејства ќе се донира на пункт во Скопје

За поплавените семејства ќе се донира на пункт во Скопје

Во Скопје на Сквер Јадран денеска од 10 до 22 часот ќе има голем пункт за донации за погодените граѓани во поплавите.

„Сите кои нема да можете да помогнете со лопата во рака, да бидеме на едно место онаму каде што сме најпотребни – сите пунктови стануваат еден голем и координиран пункт за донации. Веднаш по пристигнувањето и пакувањето, секоја донација ќе биде упатена онаму кајшто е најнеопходна!“ – пишува во повикот на Фејсбук групата  Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје.

Потребна е конзервирана храна, средства за дезинфекција и лична хигиена, храна за бебиња, пелени и слично.

Голема акција денеска ќе се организира за расчистување на критичните точки во скопско кои беа поплавени пред една седмица.

Слично

Поврзани вести