Економија, финансии, бизнис

Контакт

За поголемиот дел од граѓаните локалните избори се многу важни и тие ќе гласаат

За поголемиот дел од граѓаните локалните избори се многу важни и тие ќе гласаат

Фактор.мк спроведе анкета со која ги праша граѓаните со право на глас: Дали мислиш дека е важно да гласаш на локалните избори на 15 октомври?

На прашањето одговорија скоро 3000 посетители на веб-страната.

Мнозинство од испитаниците, дури 75% се изјасниле дека за нив гласањето е важно и сигурно ќе гласаат, сметајќи дека со својот глас можат да влијаам на изгледот и состојбите во нивната општина, и дека не им е сеедно кој ќе ја води и како ќе се развива нивната општина.

 На 19 % од испитаниците гласањето на овие избори не им е важно затоа што не веруваат дека нешто ќе се промени, а 6% не се сигурни дали ќе излезат на гласање, односно ќе одлучат на  самиот ден.

Резултатите од оваа анкета сведочат за свесност и ангажираност на македонските граѓани, меѓу кои постои голем процент кој ја разбира важноста на искористување на правото на глас, и дека со учество на локалните избори, се учествува во демократските процеси на една земја.

Перцепцијата мојот глас е “само еден” и тој ништо не одлучува веќе одамна е надминат. Пасивноста и индолентноста кон изборите се минато. Тоа се потврди со големата излезеност на предходните парламентарни избори, кога имавме висока свест и потреба на луѓето да гласаат. Да  учествуваат во креирањето на својата иднина, да влијаат на изборот на луѓето и партиите кои ќе ги предводат.  Денес знаат дека  доколку не излезат на избори, оставаат можност за нивните потреби друг да одлучува, некој што воопшто и не ги разбира. Со својот глас тие реално можат да влијаат на нештата што се случуваат во нивното секојдневие, како што се уредување на градската инфраструктура, простор за креативно изразување, културни и забавни содржини, и многу повеќе. 

Дали мислиш дека е важно да гласаш на локалните избори на 15 октомври?

Да, затоа што сакам да го искористам моето граѓански загарантирано право на глас (26%, 750 гласови)

Да, затоа што со мојот глас ќе влијаам на изгледот и состојбите во мојата општина (12%, 339 гласови)

Да, бидејќи ја сакам мојата општина, и не ми е сеедно кој ќе ја води и како ќе се развива (37%, 1063 гласови)

Не знам, се ми е исто. Ќе одлучам на денот (6%, 163 гласови)

Не, нема да гласам, затоа што досега сите градоначалници на празно ни ветуваа (20%, 583 гласови)

Слично

Поврзани вести