Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ПОГОДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Пратениците од Левица ќе донираат по половина плата

ЗА ПОГОДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Пратениците од Левица ќе донираат по половина плата

Пратениците од Левица ќе донираат по половина плата за Кочани.

„Оваа одлука ја носиме свесни дека вистинската поддршка не треба да се темели на индивидуални гестови, туку на системски решенија што ќе обезбедат сигурност и социјална правда за сите граѓани и ќе излезат во пресрет за погодените. Дополнително, сметаме дека поради двонеделната неактивност на Собранието, која е резултат на политичка оттуѓеност, пратениците немаат морално право да ја примат целата плата во месецот во кој не ја извршуваа својата должност во полн капацитет. Во исто време, сведоци сме на луксузирањето и развратот на Владата, додека народот се бори со трагедии и економска несигурност. Сепак, оваа донација не ја менува реалноста – државата мора да има социјално проактивна влада и функционално Собрание, кои навремено ќе реагираат и ќе овозможат поддршка на оние на кои им е најпотребна. Само со одговорни и правични политики можеме да изградиме општество во кое нема да се потпираме на поединечна помош, туку на силни и праведни институции“, велат од Левица. 

Во Кочани во пожар на 16 месецов загинаа 59 луѓе, а над 140 се повредени. Oние повредени кои беа однесени на лекување во странство, полека се враќаат дома. 

Слично

Поврзани вести