Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ПОФАЛБА – РАСЧИСТЕН АВТОПАТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“, КАМИОНИ СО СОЛ СЕ ПОСТОЈАНО ПРИСУТНИ: „Се вози без поголеми проблеми кон Скопје“

ЗА ПОФАЛБА – РАСЧИСТЕН АВТОПАТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“, КАМИОНИ СО СОЛ СЕ ПОСТОЈАНО ПРИСУТНИ: „Се вози без поголеми проблеми кон Скопје“

Патувањето на релацијата Штип – Скопје се одвива непречено откако автопатот Гоце Делчев е целосно расчистен од снежните наноси, информираат граѓани кои моментално патуваат кон главниот град, сведочејќи за „Фактор“.

Иако возењето сега е значително полесно, на автопатот сè уште е присутна тешка механизација која активно фрла сол за да се спречи замрзнување на коловозот.

– Возењето е многу полесно кога патиштата се расчистени, но важно е да се внимава бидејќи условите на патиштата сè уште бараат дополнителна претпазливост – велат возачите кои моментално патуваат кон Скопје.

Овие информации доаѓаат во време кога цела Македонија е под снежна покривка, а службите за зимско одржување на патиштата се максимално ангажирани за расчистување и одржување на проодноста на патиштата. 

На повеќето магистрални и регионални патишта, механизацијата на ЈП „Македонијапат“ и нивните соработнички компании работат на расчистување, фрлање сол и песок за да ги подобрат условите за сообраќај.

Сепак, од ЈП „Македонијапат“ апелираат до возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот, бидејќи коловозот е влажен и може да биде лизгав. 

Се препорачува и внимателност при патување, особено на планинските премини и на патиштата кои минуваат низ клисури, каде што може да има појава на одрони.

Возачите се повикани да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да возат со соодветна брзина за да се избегнат несакани ситуации на патот.

А. Б. 

Слично

Поврзани вести