Економија, финансии, бизнис

Контакт

За подобри билатерални односи, укинување на визите помеѓу Македонија и Украина

За подобри билатерални односи, укинување на визите помеѓу Македонија и Украина

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денес имаше средба со неговиот колега, министерот Павло Климкин, кој е во прва официјална посета на Република Македонија.

На средбата, министрите разговараа за односите меѓу двете земји и можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка, особено на економски план.

Министрите ја реафирмираа заедничката визија за побезбедна и постабилна Европа и меѓусебната поддршка и соработка во остварувањето на надворешно-политичките приоритети на двете земји.

Бил потврден интересот за унапредување на економската соработка, трговијата и деловните врски. Во тој правец, министрите ја потенцираа заедничката определба за што поскорешно потпишување на спогодба меѓу двете земји со која ќе се воведе безвизен режим за краткорочните патувања на граѓаните на двете држави, со што би се поттикнале и олесниле контактите меѓу двете земји.


Слично

Поврзани вести