Економија, финансии, бизнис

Контакт

За „Плацеви на Водно“ Мијалков е ослободен од затвор

За „Плацеви на Водно“ Мијалков е ослободен од затвор

Апелација донесе одлука за процесот „Плацови на Водно“, така што екс директорот на УБК, Сашо Мијалков е ослободен од затвор, а поранешниот премиер Никола Груевски треба да издржи казна од девет години. 

Апелациониот суд  делумно ја уважи жалбата на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за предметот „Плацеви на Водно“ и му изрече условна казна затвор која што нема да се изврши ако во наредните 4 години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.  Апелација ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за Никола Груевски за истиот предмет и му ја зголеми затворската казна од 7 на 9 години.

Груевски, кој е во бегство во Унгарија, е осуден дека со пари од партиски донатори и членови купувал плацеви и станови за себе на Водно. Екс премиерот е осуден за кривичните дела Перење пари и други приноси од казниво дело и Противправно стекнување и прикривање имот. Мијалков е осуден за помагање.

Слично

Поврзани вести