Економија, финансии, бизнис

Контакт

За пет дена имало 48 сообраќајки во главниот град

За пет дена имало 48 сообраќајки во главниот град

На подрачјето на СВР Скопје во последните пет дена се случиле 48 сообраќајни несреќи.

Повредени се 27 лица, информира за МИА инспекторот Дрган Вељаноски од СВР Скопје.

Во четвртокот извршен е увид на 15 сообраќајни незгоди, од кои шест се со материјална штета, а во осум со полесни повреди се здобиле девет лица. Се случила и една сообраќајка во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.

Увид на вкупно 13 сообраќајки е извршен во петокот.  Од нив седум се со последица материјална штета, додека во шест со полесни повреди се здобиле седум лица.

Во саботата имало осум сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, а во две со полесни повреди се здобиле три лица. Се случила и една сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.

На 1 Мај екипи на СВР Скопје, извршиле увид на шест сообраќајни незгоди. Од нив три се со последици материјална штета, а во три со полесни повреди се здобиле пет лица.

Вчера имало шест сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, а во една сообраќајка со полесни повреди се здобило едно лице.

Слично

Поврзани вести