ЗА ПЕНДАРОВСКИ УКРАИНА Е МОРАЛЕН ПОБЕДНИК: Станува збор за трагедија која влезе во нашите домови
Нема дилеми дека Украина е веќе морален победник во овој конфликт бидејќи успеа зад својата кауза да го обедини демократскиот свет кој покажа невидена солидарност и поддршка во спротивставување на газењето на човековите права и посегнување по слободата на другиот, вели македонскиот претседател Стево Пендаровски.
Рече дека станува збор за трагедија која влезе во нашите домови и во нашите мисли.
„Единството на демократскиот свет и натамошната поддршка за Украина е исто толку важна колку и решеноста на украинскиот народ да ја извојува победата“, рече Пендаровски.
Кажа дека руската агресија е војна на една диктатура против една демократија.
Собранискиот спикер Талат Џафери изјави дека ниту еден конфликт, ниту една одбрана немала подобро организирана воена, морална и секаква друга поддршка.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе ја добие војната со Русија.
фото Фејсбук
