Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Пендаровски нема дилеми - Влез и без референдум

За Пендаровски нема дилеми - Влез и без референдум

Професорот и актуелен Национален координатор за НАТО е дециден дека за членството во алијанста не е потребна референдумска согласнот согласно Уставот бидејќи ако Република Македонија добие покана и стане членка таа ќе биде од меѓународна организација, а не во во сојуз како термин кој се користи за заедничка држава на повеќе субјекти без оглед на нивниот вид на државно уредување.

„Значи ние кога влегуваме во НАТО не го користиме членот 120 кој зборува за влез во сојуз со други држави, туку зборуваме за влез во меѓународна организација, а тоа има врска со референдумското прашање – дали утре сакате да влезете во сојуз со... Значи зборуваме за државна заедница “, вели Стево Пендаровски – Национален координатор за НАТО.

Анти- НАТО пропагандата и лагите пласирани во јавноста, според Пендаровски се причините за намалениот процент на поддршка од граѓаните за членство во алијансата. Доколку има референдум тој би бил за конечното решение на спорот за името со Грција што е главна пречка пред да ја добиеме поканата за членство во НАТО.


Слично

Поврзани вести