Економија, финансии, бизнис

Контакт

За пасоши ќе има обрасци некаде до средината на февруари

За пасоши ќе има обрасци некаде до средината на февруари

Новиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев вели дека поради лоши планови и анализи во МВР фалат обрасци за лични документи. Тоа се случува со пасошите, а недостасуваат и возачки дозволи кои ќе стигнат на крајот на месецот. Додаде дека проблемот е решен само со личните карти.

Објасни дека за патни исправи има обрасци за некаде до средина на февруари, во согласност со планот и лошата анализа која е направена во МВР, а патните исправи треба да стигнат на крајот на март. 

„Сега ќе правиме дополнителни напори за да се надмине тој проблем. Во тие анализи не е предвидено дека ќе има зголемено побарување поради неколку причини. Како прво имаме избори кои се знаеја уште порано. Втора работа е за оние што се извадени во 2009-та и по десет години истекуваат и треба да се сменат. И третата причина е што владата впведе земање на лекови со документи поради што исто така има зголемена потреба од нови лични документи“, кажа Чулев.

Чулев вели дека е дадена наредба и во внатрешната контрола во тек е проверка дали и последниот тендер за набавка на обрасци за лични документи е направен законски. 

Лани е склучен договор за набавка на обрасци за документи за наредните две години во вредност од речиси 20 милиони евра.

Слично

Поврзани вести