Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ПАЛЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Осумдневен притвор добија три лица

ЗА ПАЛЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Осумдневен притвор добија три лица

Осумдневен притвор добија тројца од осумте приведени лица кои го уништуваа македонското знаме. 

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и одреди осумдневен притвор за тројца од лицата кои го уништуваа македонското знаме. Одлуката е образложена со „опасност од бегство и повторување на делото“.

Приведените лица се сомничат за кривичното дело од член 319, став 1 од Кривичниот законик, а поврзани со вчерашните настани во кои беа уништувани национални симболи и државното знаме. Доцна попладнево, тие со полициска придружба беа спроведени во Кривичниот суд.

Партиите го осудија инцидентот. Слични инциденти имаше и на Косово. 

Слично

Поврзани вести