Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ПАЦИЕНТИ СО ТРАНСПЛАНТАЦИИ, ХРОНИЧНА ДИЈАЛИЗА... - и во Македонија ќе има трета доза вакцина, еве за кои граѓани

ЗА ПАЦИЕНТИ СО ТРАНСПЛАНТАЦИИ, ХРОНИЧНА ДИЈАЛИЗА... - и во Македонија ќе има трета доза вакцина, еве за кои граѓани

По примерот и на други држави, трета доза вакцина против коронавирус ќе се воведе и во нашата држава.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека трета доза ќе се препорача кај луѓе кои се имунокомромитирани.

„Станува збор пациенти со трансплантации, пациенти кои се на хронична дијализа и други пациенти согласно дијагнозата. Препораката дојде денеска, во текот на неделата ќе стартува овој процес“, рече министерот за здравство.

Министерот посочи дека во градовите со висок процент на вакцинација нема пациенти во болниците. Како пример ги посочи Охрид, Битола, Штип.

Слично

Поврзани вести