За Османи логиката да останеме блокирани е ирационален пристап
Во гостувањето на ТВ Сител, министерот за надворешни работи, Бујар Османи изјави дека нема никаква бугаризација, ниту наметнување, а нашите учебници не може никој да ги смени. Таквите шпекулации, вели, се страшила што се користат за некој да добие политички поени и никако не се во интерес на граѓаните.
Во оваа фаза, потенцира Османи, нема почиста формулација за јазикот отколку што има во рамката предложена од француското претседателство. Рамката нема врска со Протоколот, а Протоколот ќе биде објавен, како што рече шефот на дипломатијата, пред неговата средба со бугарската министерка Теодора Генчовска.
Според Османи, логиката да останеме блокирани за да не не блокира Бугарија во иднина, е ирационален пристап.
Слично
