Економија, финансии, бизнис

Контакт

За одложување на ратите на кредитите некои банки ќе понудат и шест месеци

За одложување на ратите на кредитите некои банки ќе понудат и шест месеци

Утре на владина седница треба да помине Уредбата за одложување на ратите на кредитите. Со неа ќе се уреди начинот на одлагање на ратите за граѓаните и за фирмите. Ќе може да се направи без да се оди на шалтер, и без да се потпишува анекс на договорот за кредит. 

Секоја банка ќе објави на својата веб страна или ќе го извести својот клиент за одлагање на обврските, и ако тој за 10 дена не каже дека ја одбива понудата, ќе се смета дека таа е прифатена. 

Некои банки можеби ќе понудат одложување и повеќе од три месеци, односно може да понудат одлагање на плаќање на обврските и до шест месеци. 

Истото ќе важи и за компаниите, и тие ќе може да ја информираат банката дали се согласуваат.

„Пред да критикуваме, да оставиме да се усвои уредбата, утре се детално ќе објасниме“, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната пресконференција.

Слично

Поврзани вести