За Нухиу заканите од нов бегалски бран се објективни и реални
Земјите од регионот, долж балканската мигрантска рута, треба да соработуваат во справување со мигрантската криза, особено со оглед на заканите од можно повторување на бегалскиот бран.
Министерот за внатрешни работи,
Агим Нухиу, кој зборуваше на состанокот на Регионалната иницијатива за азил,
бегалци и миграција – МАРРИ, вели дека ова е еден од најголемите проблеми кои
испливаа на површина по затворањето на рутата.
Нухиу рече дека оваа тема не е високо на агендите како што беше лани, но дека сепак заканите се објективни и можноста за повторување се реални. Токму затоа, вели тој, сите заедно треба да бидат подготвени да пружат регионален одговор под закрила на партнерите од ЕУ.
За буџетот за МАРРИ Иницијативатаза 2017 година се предвидени 500.000 евра. Во јуни годинава треба да биде усвоена и стратегијата за 2017-2020 година. Следен претседавач со иницијативата е Албанија.
