Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Нова година ограбен домот на новинарот Кежаровски

За Нова година ограбен домот на новинарот Кежаровски

Додека новинарот Томислав Кежаровски бил на дочек на новата година, крадци го ограбиле неговиор дом. 

Одземени се  два лап-топ компјутери, два рачни часовника, нараквица и мобилен телефон а МВР соопшти дека во 04,00 часот утринава Т.К. од Скопје  пријавил во Полициската станица од општа надлежност Аеродром дека во тектот на ноќта непознат сторител преку балконска врата влегол во неговата куќа на улица „Жорж Бизе“, при што направил претурање по собите и се украдени неколку предмети.

Како што информира МВР, увидна екипа извршила увид на лице место и се работи на расчистување на случајот.

За грабежот, на својот Фејсбук профил објави и сопругата на Томислав, Марина Кежаровска, која напиша дека „двата лаптопа на Томче се земени, мобилен со германскиот број е земен, а другите постарите не се земени. Таблет не, компјутерот на ќерка ми не, погодете сами што барале. Во собата на ќерка ми само претурале, одземени се два часовини и две ланчиња. Од мене земен е часовник и алка. Грабеж ама и не треба да личи многу на грабеж, нели?“.

Слично

Поврзани вести