„ЗА НИВНАТА МУЗИКА ДА НЕ ЗАМОЛЧИ НИКОГАШ“: „Златна Бубамара на популарноста“ за членовите на ДНК
За смртта на членовите на познатиот бенд ДНК, се огласија и од „Златна Бубамара на популарноста.“
„Кога ДНК ја доби наградата Златна Бубамара за група на годината во 2023, пеејќи ја „Ако утре ме нема“ заедно со сите присутни во салата, тоа беше химна на животот, а не пророчка песна за неколкумина од групата, кои трагично настрадаа во пожарот во Кочани на 16 март.
Сакаме и натаму да ја пееме и паметиме „Ако утре ме нема“ – како химна на животот...
Тагуваме со нивните семејства, пријатели и сите што ги познаваа – но и се сеќаваме со благодарност што сме ги имале. Боли, но болката е одраз на љубовта. Затоа, со солзи во очите и срце полно, Ја пееме повторно и ја слушаме повторно - за нивната музика да не замолчи никогаш....“, се вели во нивниот пост.
