„ЗА НИВ НЕ ВРЕДИТЕ НИ ПЕТ ПАРИ! ЌЕ ВЕ ФРЛАТ НА ПРВА КРИВИНА“: Апасиев откако Силјанова - Давкова не ги поднесе граѓанските потписи до ДИК
По објавата дека кандидатката за претседател на државата од редовите на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова до Државната изборна комисија својата кандидатура ја поднела само со поддршка од потписи од пратеници, но не и со 10.000 граѓански потписи, како што беше најавено, бројни реакции во медиумите.
На оваа тема се огласи и лидерот на опозициската „Левица“, Димитар Апасиев, кој вели дека оваа ситуација е показател за односот на партијата кон граѓаните.
- Ги тераа да се потпишуваат у строј, под саат, и на крај не ги ни поднесоа потписите од граѓаните у ДИК!? Ебате тоа ВМРОНИТЕ одвратни и антинародни!
Ова само го покажува нивниот третман кон народот. За нив не вредите ни пет пари! Ќе ве фрлат на прва кривина (и ќе ви стават Бугари у Устав во првите 100 дена). Затоа, памет у глава за кого ќе гласате на наредни избори. Немој после "јеби га" - напиша Апасиев на Фејсбук.
Слично
