За Нимиц на Балканот почнува нова ера
Посредникот на ОН во преговорите, Метју Нимиц вели дека ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент за ставање крај на деценискиот спор за името значи почеток на нова ера на безбедност на Балканот.
„Сакам да им честитам на Парламентот и на Владата на Грција за визионерскиот чекор. Оваа историска спогодба меѓу двата соседа ја отвора вратата за нов однос меѓу нив и е влез во нова ера за зацврстување на мирот и безбедноста на Балканот”, вели Нимиц.
Нимиц наведува дека очекува комплетирање на процесот како што предвидува Договорот од Преспа и ја потврди заложбата на ОН да работа со двете земји.
Слично
