Економија, финансии, бизнис

Контакт

За нијанса повисока излезност до 10 часот за разлика од првиот круг

За нијанса повисока излезност до 10 часот за разлика од првиот круг

За многу мала нијанса овој пат имаме повисока излезност на гласање до 10 часот за разлика од првиот круг од претседателските избори. 

Денес до 10 часот гласале 6.31% од гласачите, а во првиот круг гласаа 6.26%. 

Своето право на глас до 10 часот, на 36 избирачки места во Делчево го оствариле 11,6 проценти од регистрираните гласачи во избирачкиот список.

До 10 часот на избирачките места во Општина Гевгелија излегле да гласаат 1.867 граѓани што претставува излезеност од 9,7 отсто.

Во Тетово гласале 2,35 отсто или 1961 од вкупно 83.367 гласачи распределени на 117 избирачки места.

До 10 часот во Дебар гласале 1,3 отсто, во Центар Жупа два отсто од гласачите.

Македонија денеска бира претседател.

Гласањето се одвива на 3.480 избирачки места во 80 општини и во град Скопје.

Слично

Поврзани вести