„ЗА НЕПОЛНИ 4 МЕСЕЦИ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА, СПОРТ, ОБРАЗОВАНИЕ, АМА НЕ И ВО ШЕФ НА ДРЖАВА!“: Ванковска за претседателката и појавувањето со првачињата
Вчерашниот прв училиштен ден на кој Претседателката Гордана Силјановска Давкова се појави со првачиња, беше повод за реакција од страна на професорката Билјана Ванковска.
„Претседателската функција на најниско можно ниво - со првачињата во “нејзиното” основно училиште. Ќе речете, баш симпатично и мило, жената се стопи од радост со дечињата. Мило да, ама …
Проблемот е што нејзината работа требаше да биде на највисоко и најсериозно ниво во областа на одбраната, безбедноста, меѓународната политика и НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ - со мандат добиен директно од народот! Оваа девалвација зборува дека за неполни четири месеци се претвори во заменик министер за култура, спорт, образование … ама не и во шеф на држава!
А во светот цветаат рози, мир и прогрес…“, напиша таа на фејсбук.
