За неколку дена почнува постапката за избор на нов лидер на СДСМ
Премиерот Зоран Заев денеска најави дека за неколку дена почнува постапката за избор на нов лидер на СДСМ.
Заев ќе побара од органите на партијата во вторник да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира неговата оставка и да почне постапката за избор на нов претседател. Идниот лидер, според Заев, би требало да биде и идниот мандатар кој ќе ја состави новата влада.
„Мојот личен став од досегашното искуство и минатото во нашата држава кога еден човек бил премиер, а друг претседател на владејачка партија, е дека лидерот на партијата треба да биде и мандатар затоа што во тој случај и одговорноста и легитимитетот е комплетен“, рече Заев.
По вториот круг од локалните избори, Заев си поднесе оставка поради лошите изборни резултати.
Слично
