Економија, финансии, бизнис

Контакт

За неколку дена падна дожд како за два месеци, за некого благодет, а за некого проблем

За неколку дена падна дожд како за два месеци, за некого благодет, а за некого проблем

Деновиве во Македонија паднаа количини на дожд колку што вообичаено паѓаат за период од два месеци.

Најмногу дожд наврна во Тетово и Битола, над 100 литри на метар квадратен, а потоа следи Куманово со 94 литри, зад него е Скопје со 80 литри, Виница и Охрид имаат по 70 литри. Aнгелко Ангелески, агрометеоролог од УХМР вели дека овие дождови се добри за есенската сеидба, затоа што по долгиот сушен период, сега има влага во почвата, а создаваат проблеми за жетвата на оризот и делумно за бербата на јаболка.

„Овие врнежи кои паднаа од 7 октомври до денескс се одлични за серидбата, која обично почнува на 15 октомври. Но, тие се неповолни за жетвата на оризот. Врнежите не беа поројни, туку врнеше постепено,  а со тоа немаше одлив на водата, туку таа останува на местото каде паднала, и сега има дури и повеќе од потребно влага во почвата. Има зголемување на водотеците.  Бранот на врнежи продолжува и ова е само мало затишје денеска. Засега нема услови за да температурите бидат во негатива“, вели Ангелески.

Во Македонија годишно паѓаат од 350 до 360 литри дожд на метар квадратен површина.

Времето денеска ќе иде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат и ќе има повеќе сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утре претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер.


Слично

Поврзани вести