Економија, финансии, бизнис

Контакт

За неколку часа Пендаровски собра повеќе од 20.000 потписи

За неколку часа Пендаровски собра повеќе од 20.000 потписи

За само неколку часа во канцелариите на ДИК низ земјава се собрани над 20.000 потписи за Стево Пендаровски, изјави денеска генералниот секретар на СДСМ, Алаксандар Кирацовски.

Кирацовски, кој е и шеф на Изборниот штаб на Пендаровски, денеска во Битола и лично, со свој потпис, ја поддржа кандидатурата на Пендаровски. 

„Од Охрид до Берово, од Тетово до Крива Паланка, од Битола до Скопје, Куманово…граѓаните масовно ја дадоа својата поддршка. Во историјата, оваа е единствената кандидатура за претседател на државата која е поддржана од над 20.000 граѓани, од 60 пратеници и од над 30 политички партии. Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци…сите заедно се обединија околу Стево Пендаровски“, вели Кирацовски.

Шефот на Изборниот штаб на претседателскиот кандидат Пендаровски, на средбата со новинарите во Битола изјави дека очекува голема победа и избор на Стево Пендаровски за иден претседател на државата.

Потпретседателот на ДУИ и екс градоначалник на Општина Гостивар Невзат Бејта, стави потпис за поддршка на Пендаровски, заеднички кандидат на коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ со што започна прибирање на предвидените потписи во Гостиварско.

Слично

Поврзани вести