Економија, финансии, бизнис

Контакт

За нападите кон Мизрахи се караат партиите, а осуда стигна и од ОМД

За нападите кон Мизрахи се караат партиите, а осуда стигна и од ОМД

Oд ВМРО-ДПМНЕ бараат разрешувања на владините и партиските советници кои преку Фејсбук коментираа дека новата техничка министерка Рашела Мизрахи наместо да се слика со партиско знаме треба да го стави еврејскиот симбол Давидова ѕвезда.

Коментарот го објави советничката во СДСМ, Мерсиха Смаиловиќ која тврди дека опозицијата објавува лажни вести и дека нејзиниот став е против користење на партиски симболи од државни функционери.

„Ако ја користеше ѕвездата на Давид, немаше да има проблем“, напиша таа на Фејсбук.

Преку Фејсбук реагираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој заедно со својата партија тврди дека опозицијата користи говор на омраза и антисемитизам, а симпатизери на СДСМ ја нарекуваат ВМРО-ДПМНЕ фашистичка партија.

Вербалните напади кон Мизрахи, беа тема и во израелските медиуми. 

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги осудува грозните коментари преку социјалните медиуми против првиот министер со македонско еврејско потекло во текот на изминатиов викенд, Рашела Мизрахи.

Слично

Поврзани вести