Економија, финансии, бизнис

Контакт

За најголемиот христијански празник ограбени две цркви во Маврово

За најголемиот христијански празник ограбени две цркви во Маврово

Најголемиот христијански празник Божиќ не ги спречи крадците да обијат две цркви во Маврово и да ги украдат парите собрани преку донации од верниците. Според информации на МВР засега непознати сторители, ги ограбиле црквите Св. Никола во селото Маврово и Св. Кирил и Методиј во Маврови Анови

Екипи на СВР Тетово извршиле увид и според нив тешките кражби најверојатно се случиле во периодот по полноќ на речиси идентичен начин. Во објектите е влезено со кршење на катинарите на влезните врати, а потоа биле разбиени и кутиите во кои се собираат парични прилози.

Од првичните сознанија, од црквата Св. Никола украдени се околу 7.000 денари и педесетина евра, а од Св. Кирил и Методиј само 7.000 денари.

По увидот, најдени се траги кои се предадени на вештачење, а полицијата трага по сторителите.


Слично

Поврзани вести