ЗА НАЈЧЕВСКА ОДНЕСУВАЊЕТО НА КУРТИ Е ЕДНАКВО НА БУГАРСКИТЕ АСИМИЛАЦИОНИСТИ: „Да ја потсетам СДСМ дека се на власт 7 години и дека секој ден покажуваат дека немаат појма што да прават на таа позиција“
Професорката Мирјана Најчевска со остра реакција за доаѓањето на косовскиот премиер Курти во земјава.
„ Дали името на Демачи е ставено во листата на имиња која ја има одобрено Владата?
Ако не е тогаш преименувањето е ништовно. Однесувањето на Курти е еднакво на бугарските асимилационисти и од Македонија прави непријател на Косово.
Македонските политички субјекти кои го користат Курти за подигање на сопствениот рејтинг се претставуваат како екстремни националисти кои не можат да бидат дел од изградбата на европска Македонија.
А да ја потсетам СДСМ дека се на власт 7 години и дека секој ден покажуваат дека немаат појма што да прават на таа позиција“, напиша таа.
Слично
