Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ: Џорџ Клуни го продаде бизнисот кој го покрена сосема случајно

ЗА МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ: Џорџ Клуни го продаде бизнисот кој го покрена сосема случајно

Еден од најплатените и најпознати холивудски актери Џорџ Клуни ја продаде својата компанија за производство на алкохолниот пијалок текила за милијарда долари.

Клуни е ко-основач на фирмата „Casamigos“ а ја продал на ланецот „Diageo“.

Тој фирмата ја основал со пријателот Ранде Гербер во 2013 година и тоа сосема случајно. Тие еден покрај друг ги граделе своите куќи за одмор во мексичкиот Кабо Сан Лукас и при таа прилика времето кое го поминувале заедно пиеле и многу текили.

„Кога си во Мексико, пиеш многу текила. После неколку месеци и многу различни видови на текила, Џорџ се сврте кон мене и ми рече: Зошто да не си направиме наша? Една која за нас ќе биде идеална?“, рекол Гербер за CNBC. 

Тоа го направиле вклучувајќи го и пријателот Мајкл Мелдмен.

Сега го продаваат брендот за потенцијални милијарда долари (700 милиони веднаш, а уште 300 ако текилата се „покаже како добра), а Гербер го открива клучот на успехот.

„Се фокусиравме на она што е во шиштето, а не на шишето и неговиот изглед. Нашето шише изгледа поефтино, но затоа одвнатре текилата има врвен квалитет.“

Слично

Поврзани вести