За Милчин скандал е што Мукоски беше во Рим кај Папата
Режисерот Владимир Милчин на Канал 5 во „Само вистина изјави дека скандалозно е тоа што во македонската делегација за чествувањето на Свети Кирил во Рим кај Папата беше и пратеник кој ја отвори вратата во Собранието за време на настаните на 27 април, наместо таму да оди претседателката на собраниската Комисија за култура.
Државната делегација во која беше и пратеникот Крсто Мукоски присуствуваше на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква во Ватикан, а тоа Милчин го оцени како голем скандал. Според него, видливо е дека Собранието уште го нема преземено својот авторитет.
Слично
