За Мицкоски СЈО бил корумпиран вилает
СЈО е најголем срам за Македонија, народот гладува, а тие си делеле илјадници евра, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Реќе дека СЈО бил мал корумпиран вилает на премиерот Зоран Заев со пари на граѓаните.
„Гледате како кога народот практично има леб и сол кога неправда владее на улиците, кога луѓе се затвараат, се уценуваат и притискаат како резултат на политички прогон. Вие гледате како оние заштитници на ликот и делото на Зоран Заев инсталирани во институцијата Специјално Јавно Обвинителство безсрамно ги крчмат парите на граѓаните. И потоа ќе немало правда и ќе немало мир. како да има правда како да има мир кога вие имате обвинители кои што месечно, месечно си делеле повеќе од 5000 евра“ – вели Мицкоски.
Потсети дека во 2016 година за изборите се ветувало дека ќе има правда.
