За Мицкоски прифаќањето 10 до 15 пати повеќе бегалци од развиените земји е лудило
За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски фактот дека Македонија ќе прифати 450 бегалци од Авганистан или 10 до 15 пати повеќе од богатите земји е тотално лудило.
Тој праша што сме ние поспособни од Словенија, Хрватска, Естонија. Во вестите на Сител изјави дека прво треба да видиме која земја колку прима, па потоа да видиме дали ние можеме да се солидаризиме. Посочи дека многу развиени земји прифаќаат едноцифрен број на бегалци од Авганистан. Мицкоски вели дека земјава не може да се грижи за своите граѓани, а како пример наведе дека не знаеме кога ќе заврши пандемијата и како ќе се изведува наставата. Според него, ова е грешка.
Слично
