Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Мицкоски можно е референдумот да се случи, но и да не се случи

За Мицкоски можно е референдумот да се случи, но и да не се случи

ВМРО-ДПМНЕ ќе изготви закон за амнестија, а за референдумот ништо не се знае зашто не е дефинирано ниту прашањето, изјави претседателот на ВМРО- ДПМНЕ,  Христија Мицкоски при денешната посета на Прилеп.

Тој  ги демантира тврдењата дека партијата уценува со некаква амнестија.

Формирањето на Државната изборна комисија (ДИК) е дел од пакет мерки и не треба да се гледа издвоено, рече тој. 

„Не смее ДИК да се гледа како издвоено прашање. Тоа беше дел од еден поголем пакет. Тој започна со таканаречените, реформски закони, кои беа усвоени во март-април годинава, опозицијата учествуваше во нивното креирање и усвојување кога се врати по неколкумесечното отсуство. Втората работа, донесена и прифатена од Владата, е донесувањето на законот за финансирањето на партиите и измените во законот за Влада каде треба да се дефинираат истите оние услови кои ги имаше опозицијата за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, па дури потоа на дневен ред доаѓа формирањето и изборот на ДИК“- вели Мицкоски.

Додека не се распише референдумот, многу веројатности и опции се отворени. Вели дека можно е референдумот и да се случи и да не се случи.

Слично

Поврзани вести