За Мицкоски апсењето на Стевче е брутален политички притисок пред избори
Чин на брутален политички притисок и израз на огромен страв и паника на Заевизмот кој губи претставува денешното приведување на лидерот на партијата Гром Стефче Јакимовски. Ова е коментарот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по утринската акција на апсење.
„Очигледно кампањата на Заевизмот се апсења, но во исто време тоа покажува и дека Заев драматично губи кај народот. Нема веќе страв. Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме“, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Утрово се приведени осуммина лица меѓу кои се неколку општински службеници, бизнисмени и поранешниот градоначалник на општина Карпош.
Слично
