Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЗА МЕНЕ СО ПОЛН ЏЕБ, НЕ Е СТРАШНО, АМА ЛУЃЕВО ТУКА КАКО СЕ СНАОЃААТ, НЕ ЗНАМ“ - наша иселеничка во Струга се чуди за многу работи

„ЗА МЕНЕ СО ПОЛН ЏЕБ, НЕ Е СТРАШНО, АМА ЛУЃЕВО ТУКА КАКО СЕ СНАОЃААТ, НЕ ЗНАМ“ - наша иселеничка во Струга се чуди за многу работи

Наша иселеничка која живее долги години во Австралија, дошла дел од својот годишен одмор да го помине во земјава, во едно од нашите летувалишта, Струга. Таа се чуди како нашиов народ наоѓа пари и да се прехрани, но и да излегува, кога примањта се ниски, какви што поплаки слушнала. А, за неа, како што кажа самата, не се страшно, бидејќи таа има повеќе средства.

Јас доаѓам од земја од кенгурите, од море, од плажи, од што не, рече оваа госпоѓа во изјава за ТВ 21. 

На прашањето како реагира на овдешните цени, таа вели: „Да ти кажам право, за мене полн џеб, не е страшно. А за овдешниов стандард, се чудам како се снаоѓаат и како се живее. А кафулињата се преполни. И тоа не знам. Како се снаоѓаат, од каде наоѓаат пари, а плачат дека немаат пари, не знам. Толку од мене, ве љубам, убав ден“, рече оваа жена. 


Слично

Поврзани вести