Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЗА МЕНЕ ПРОСЛАВАТА НА 8 СЕПТЕМВРИ Е ОТКАЖУВАЊЕ ОД 44 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ СЛОБОДНА И НЕЗАВИСНА ДРЖАВА“: Најчевска за денешниот празник

„ЗА МЕНЕ ПРОСЛАВАТА НА 8 СЕПТЕМВРИ Е ОТКАЖУВАЊЕ ОД 44 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ СЛОБОДНА И НЕЗАВИСНА ДРЖАВА“: Најчевска за денешниот празник

Професорката Мирјана Најчевска, смета дека Македонија на 8 Септември излегла од федерација чија членка била, а прославата на денешниот празник претставува откажување на 44 години постоење на слободна, независна и демократска држава.

„За мене било и останува Првото заседание на АСНОМ (2 Август 1944 година) ден на формирање на модерната држава Македонија.

За мене прославата на 8 Септември како празник на државнотворноста на Македонија претставува откажување од 44 години постоење слободна, независна и демократска држава Македонија и негирање на целокупната изградба на државноста од 1944 година до 1991 година.

Тоа е ден на излегување од федерација чија членка сме биле. И ништо повеќе.

Македонија имала свои самостојни државни органи и сопствен Устав во рамките на федерацијата во која била рамноправна членка“, вели таа.


Слично

Поврзани вести