Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПОНИЖУВАЧКИ Е НЕКОЈ ОДНАДВОР ДА НИ ГИ РЕШАВА ДОМАШНИТЕ ПРОБЛЕМИ, НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА ВОВЕДУВАМЕ ПАРАЛЕЛЕН СИСТЕМ“ - Мицкоски за предлог законот за рестриктивни мерки

„ПОНИЖУВАЧКИ Е НЕКОЈ ОДНАДВОР ДА НИ ГИ РЕШАВА ДОМАШНИТЕ ПРОБЛЕМИ, НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА ВОВЕДУВАМЕ ПАРАЛЕЛЕН СИСТЕМ“ - Мицкоски за предлог законот за рестриктивни мерки

Споре лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, носењето на закон за рестриктивни мерки во оваа форма како сега, би значело воведување на еден паралелен систем. Тој смета дека нашите органи, конкретно јавниот обвинител, треба да ги прибави сите докази од САД кои ставиле одредени лица на црни листи, и самите ние да ги спроведеме потребните истраги. 

На прашањето на новинарот дали доколку ја освојат власта на претстојните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат да го туркаат предлог законот за рестриктивни мерки, и всушност дали ќе го донесат, Мицкоски одговори дека ние не можеме да воведуваме паралелни системи. 

„Колку што јас знам, тој закон повторно е вратен во парламентот, помината е потребата и распределен е на матична комисија за натамошно постапување. Мојот став е јасен - дека нема компромис со криминалот и корупцијата. Но, икстовремено, треба да се знае дека секој закон кој што се носи во македонскиот Парламент, треба да биде во согласност со македонскиот Устав. Ние не можеме да воведуваме паралелни системи кои што се резултат на нечии желби. Од тоа што јас го слушам како јавна дебата, а пред неколку дена имаше една таква јавна дебата од страна на професори по кривично право, од кои што, морам да кажам, еден добар дел се поблиски до СДСМ, а еден дел од нив беа и активисти на Шарената револуција, кои искажаа жестоки критики на овој закон кој е влезен во собраниска процедура. Така што, Закон - да, но да биде уставен и да одговори на сите оние вистински потреби кои што значат борба против криминалот и корупцијата“, рече Мицкоски во интервјуто за ТВ 21.

На забелешката, пак, што станува со тоа што службите на САД имаат сознанија за тие лица кои се ставени на Црната листа, а кај нас случаите се без епилог, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека нашето Обвинителство треба да ги побара доказите. 

„Јас колку што можам да разберам од американскиот амбасадор е дека тие располагаат со соодветни докази и дека досега никој од истражните органи кај нас или Обвинителството, не пристапиле да ги побараат тие докази. И јас ги охрабрувам да го сторат тоа. Еве новиот обвинител, го охрабрувам да пристапи и да ги прибави тие докази и врз основа на тие докази да почне предистрага, истрага или како веќе тоа ќе се нарекува, за да ставиме крај еднаш засекогаш на сите овие тврдења - „овој бил, тој ќе биде на црната листа на САД зошто бил корумпиран“, и така натаму. Криминалот мора да има име и презиме, јасни докази и правосилна пресуда, и затоа еве го охрабрувам новиот јавен обвинител, првиот ден да седне и да ги прибави тие докази и да почне предистрага и да видиме дали е тоа нешто страшно, и ако е страшно, треба да се процесуира. Јас би ја оставил настрана Црната листа на САД, на Обединетото Кралство и на кој се друг. Ние сме сведоци на дневен криминал во државава. Оставете ја црната листа на САД, таа е нешто сосема друго. Ние како општество живееме во бара наречена криминал и корупција - политички криминал и политичка корупција. Не треба нас Стејт департментот или департмент од џастис или департмент оф трежри да ни кажуваат - овој е на црна листа џзошто е корумпиран, а тој не е. Ние на дневна основа сме сведоци за основани сомневања за сторен криминал. За мене е понижувачки како граѓанин на оваа држава, некој од надвор да ми ги решава домашните проблеми. Ние треба самите да си ги решиме. Но ние нема да ги решиме, не црни листи, свети црни листи нека има, ако јавниот обвинител кој треба да гони организиран криминал, има препорака затоа што е пријател со возачот на една политичка партија или е сосед на братот на лидерот на една политичка партија и тн. Така, какви сакајте имајте вие црни листи, тие нема да ви го решат проблемот. Затоа што процесот, колку јас што знам, трае три, четири, пет години, за да САД некое лице го стават на условно кажаната црна лисрта, а во тие години тоа лице или лица можат да направат фантастичен криминал кој што ќе остане неказнет и ќе ја доведфе државата во оваа состојба во која што е“, нагласи првиот човек на најголемата опозициска партија.

Слично

Поврзани вести