ЗА МАЛКУ ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА НЕ ДОСТИГНА 46 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - највисоки примања и понатаму имаат информатичарите
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2025 година, изнесувала 45.943 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
- Во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9 отсто.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 13,3 отсто, Административни и помошни услужни дејности за 13,2 проценти и Дејности во врска со недвижен имот за 10,9 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 9,5 проценти, Информации и комуникации за 4,2 отсто и Административни и помошни услужни дејности за 3,6 проценти - се појаснува во соопштението на ДЗС.
Традиционално највисоката плата е во секторот Инфорамции и комуникации, каде достигнвуа 85.894 денари, а потоа следуваат финансиски дејности со просечна плата од 61.531 денар, па рударство и вадење камен со 57.861 денар.

За споредба просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2025 година, изнесува 45.466 денари,
Еве колку била просечната исплатена нето плата за секој месец посебно, според податоци од ДЗС:
- септември 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.466 денари
- август 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.310 денари
- јули 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.276 денари
- јуни 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.468 денари
- мај 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.796 денари
- април 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.452 денари
- март 2025 година просечната месечна нето-плата - 44.763 денари.
П.О.Фото: Фактор
