Економија, финансии, бизнис

Контакт

За локалните ќе има ли соработка СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ за Кичево?

За локалните ќе има ли соработка СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ за Кичево?

СДСМ за локалните избори што ќе се одржат во октомври нема намера да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, изјави денеска пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов. 

Тој вели дека е важен граѓанскиот, а не етничкиот концепт. 

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги надмина етничките разлики на минатите парламентарни избори. За нас, во Македонија постои трка на концепти што се нудат на граѓани, не постои етнички концепт“ – рече Шилегов.

Тој најави дека СДСМ до крајот на месецот ќе ги претстави сите кандидати за градоначалници. 

„Постапката е во тек и очекуваме дека кон крајот на месецов ќе заврши и официјално ќе бидат претставени сите кандидати“ – рече Шилегов.

Имињата на кандидати за градоначалници што сега се спомнуваат во јавноста се сè уште во сферата на шпекулациите, потврди пратеникот Шилегов. 

Слично

Поврзани вести