Економија, финансии, бизнис

Контакт

За либералите Законот за јазици е донесен надвор од процедура и е неважечки

За либералите Законот за јазици е донесен надвор од процедура и е неважечки

Oд Либералната партија велат дека Законот за јазици е донесен надвор од законската процедура и затоа е неважечки закон, затоа што според либералите, не е усвоен во рок од 30 дена по враќањето во Парламентот од  претседателот на државата.

„Според посебен закон што ги уредува и надлежностите на претседателот на Републиката, утврдено е дека законот за кој не го потпишал указот, Собранието е должно во рок од 30 дена да ја заврши постапката – да го донесе, да се усвојат амандмани или пак да не го изгласа односниот закон. По истекот на рокот, секаква процедура и активност врзана за текстот што бил оспорен од претседателот е надвор од нашиот правен систем. Со истекот на 30-те дена, процедурата по тој закон престанува и тој натаму не може ниту да се разгледува, ниту да се гласа по него, бидејќи веќе е надвор од процедурата“- велат од партијата на Ивон Величковски.

Наведувата дека доколку Уставниот суд сака да го штити уставниот и правниот поредок на земјата, треба да констатира дека Законот за употреба на јазиците е донесен вон процедура и дека не е важечки.

Тие сметаат дека постои потреба од изменување и дополнување Закон за употреба на јазиците, и дека по ваквата одлука на Уставниот суд, со смирени нерви, поголем степен на толеранција и широк консензус, Собранието треба да донесе нов закон кој ќе биде во согласност со процедурата и ќе ги одрази сите сугестии и предупредувања и од опозицијата, и од Венецијанската комисија, и од Советот на Европа, а ќе биде основа за компактно и одржливо, наместо поделено општество. 

Слично

Поврзани вести