За Костадиновска Стојчевска провокација е и бугарското знаме на споменикот на Делчев и свиркањето на прославата на Рамковниот
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска вели дека провокација е и денешниот случај кога членови на Здружение на Бугари во земјава го чистело споменикот на Гоце Делчев во Скопје и притоа на него поставиле бугарско знаме.
Рече дека со внесувањето на Бугарите во Уставот паѓаат во вода политичките тези дека се оди кон бугаризација, асмилиација.
„Ние како држава се грижиме за нашето културно наследство, што ги вклучува спомениците и сите други спомен обележја. Не би сакала да коментирам зошто и кои се побудите зошто бугарското знаме е поставено на овој споменик, но сепак на некој начин овде станува за некаква провокација која во вакви деликатни времиња навистина не ни е потребна на ниту една од двете држави“, рече министерката за култура во гостување на Канал 5.
За прославата по повод Рамковниот договор на која имаше свиркања додека водителката почна да говори на македонски јазик рече дека е провокација, но провокации секогаш ќе има.Инаку, Бугари се пофалија дека му ставиле бугарско знаме на споменикот на револуционерот Гоце Делчев во Скопје.
