Економија, финансии, бизнис

Контакт

За концертот на Грашо на Хераклеа продадени три пати повеќе карти од дозволените

За концертот на Грашо на Хераклеа продадени три пати повеќе карти од дозволените

Продале три пати повеќе билети од дозволеното, но упорно тврдат дека не ги прекршиле протоколите за концертот. 

Петар Грашо на Хераклеа го слушаа над 2.000 луѓе, а според новите правла на тој простор требало да има само 600.

 Од продукцијата Прагма за ТВ 24 изјавиле дека имаат и записник од Државниот пазарен инспекторат дека се било според правилата. Сепак од Инспекторатот велат дека во времето на контролата се било добро, но дека кога инспекторите заминале, се собрале и други луѓе кои имале билети и се создала гужва.

Инспекцијата најавува казни за организаторите. Вчера и министерот Венко Филипче побара одговорност за тој настан.

Слично

Поврзани вести